ПРЕГЛЕД

Главна цел на ESIPP проектот е да развие и дисеминира програма за тренинг на родители на деца со аутизам кои живеат во Југоисточна Европа. Учесниците во проектот создадоа и тестираа серија на модули кои имаат за цел да им помогнат на родителите за да ги зголемат познавањата за состојбата на аутизмот и да им помогнат во негување на низа стратегии кои можат да се имплементираат и да помогнат во насока на задоволување на некои од многубројните потреби кои ги имаат овие деца и нивните семејства. Содржината на секој модул ги презентира најновите и најдобри практики кои се признаени од практичари и експерти од областа на аутизмот. Се надеваме дека преку учеството на родителите во модулите ќе им се помогне во развој на поголема самодоверба, ќе им се помогне во подготовка и примена на стратегии за самопомош кои на одреден начин ќе водат кон полесно исполнување на барањата кои ги наметнува секојднената грижа за децата со аутизам.

ВОВЕД

Програмата за едукација на родителите (ПЕР) насловена како „Позитивни пристапи кон аутизмот“ се состои од шест модули. Секој модул е дизајниран со цел зголемување на знаењето кај родителите, при тоа, секој нареден модул ги надградува знаењата од претходниот и води кон понатамошно проширување на знаењата. Содржината на модулите ја промовира употребата на позитивни стратегии и се базира врз следните теми: вовед во аутистичниот спектар на нарушување, однесување, употреба на визуелната структура, сензорни проблеми, предизвици при комуникација и градење на социјални вештини. Како дополнение, создадени се уште три обуки, надвор од рамките на основните, со цел да ги задоволат потребите за повеќе информации за проблеми во пубертет, проблеми со спиење и исхрана. Сето ова беше создадено според барањата на родителите, за кои се добиени информации при анализа на иницијалните прашалници од првиот круг на обуки.

Кликнете на модулот подолу за да откриете повеќе информации за содржината.

НАСТАВНА ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА РОДИТЕЛИ (ПЕР)

Содржината на секој модул ја претставува последната најдобра практика препознаена од страна на експертите од областа на аутизмот, како и вклучување на перспективите и индивидуалните извештаи на поединци за самиот аутизам. Се надеваме дека учеството во модулите ќе ја развие родителската доверба, помагајќи им во изготвувањето и спроведувањето на стратегии за самопомош, кои ќе одат на некој начин кон олеснување на големите барања за грижа за децата со аутизам.

Секој модул е ​​дизајниран да го зголеми знаењето на родителите, врз основа на информациите научени во претходните модули и продолжување понатаму. Содржината на модулите ја промовира употребата на позитивни стратегии и се темели на следните теми: вовед во состојбите од аутистичен спектар, однесување, употреба на визуелна структура, сетилни прашања, комуникациски предизвици и градење на социјални вештини. Покрај тоа, беа додадени три несуштински модули за да се задоволат барањата за информации за проблемите со пубертетот, како и за проблеми со спиењето и исхраната.

ЕСИПП НАСТАВНАТА ПРОГРАМА

МОДУЛ 1: ВОВЕД ВО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊА

Целта на оваа сесија е да се воспостават заеднички разбирања и знаења за Аутиситичниот спектар на нарушување и да им се помогне на родителите да го разберат уникатниот профил на разлики, јаки страни и слаби страни на нивните деца. Активностите го потенцираат веќе постоечкото знаење кои родителите го имаат за состојбата, и им овозможуваат на родителите да ги видат кои од карактеристиките на аутизмот се рефлектираат кај нивното дете но подетално образложени.

МОДУЛ 1: ВОВЕД ВО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊА

РАЗЛИКИ ВО КАРАКТЕРИСТИКИТЕ КАЈ АУТИЗМОТ

МОДУЛ 2: ПРАКТИЧНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕ ПРЕКУ ВИЗУЕЛНА СТРУКТУРА

Целите на оваа сесија се да им се помогне на родителите да ја искористат јаката страна за учење преку визуелен пат кај нивните деца заради зголемување на разбирањето и намалување на стресот.

Да се развие свесност за различните видови на визуелна структура

  • ФИЗИЧКА СРЕДИНА
  • РАСПОРЕДИ (ШТО ДА СЕ ПРАВИ И КОГА)
  • РАБОТНИ СИСТЕМИ (КАКО ДА СЕ НАПРАВИ, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ЕДНА ЗАДАЧА ВО НЕКОЛКУ ВИЗУЕЛНИ ЧЕКОРИ)
  • ВИЗУЕЛНИ ПОМАГАЛА (ПРЕДМЕТИ, СЛИКИ, СЛИКИ И ЗБОРОВИ)

Родителите имаат можност да разгледаат различни видови на визуелни помагала и распореди, и се охрабруваат да направат слични, соодветни материјали за поддршка кои ќе им бидат корисни на нивното дете.

МОДУЛ 2: ПРАКТИЧНИ СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ НА ОДНЕСУВАЊЕ ПРЕКУ ВИЗУЕЛНА СТРУКТУРА

МОДУЛ 3: УПРАВУВАЊЕ СО СЕНЗОРНИ ЧУВСТВИТЕЛНОСТИ

Целите на овој модул се:

  • ДА СЕ ИДЕНТИФИКУВААТ СЕДУМТЕ СЕТИЛА И КАКО ХИПЕР И ХИПО СЕНЗИТИВНОСТА МОЖЕ ДА СЕ МАНИФЕСТИРА
  • ДА РАЗБЕРЕМЕ КАКО СЕНЗОРНИТЕ РАЗЛИКИ МОЖАТ ДА ВЛИЈААТ ВРЗ ОДНЕСУВАЊЕТО
  • ДА НАУЧАТ НОВИ СТРАТЕГИИ И ДА РАЗВИЈАТ „АЛАТКИ“ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ИМПАКТОТ НА СЕНЗОРНАТА СЕНЗИТИВНОСТ

Родителите учествуваат во активности кои ќе го зголемат нивното познавање за сетилата, како и влијанието на сетилата кај децата со аутизам. Родителите се охрабруваат да креираат сензорен профил за нивното дете и се оспособуваат за употреба на методи за да помогнат при посебни сензорни потреби кај детето.

МОДУЛ 3: УПРАВУВАЊЕ СО СЕНЗОРНИ ЧУВСТВИТЕЛНОСТИ

МОДУЛ 4: ИСТРАЖУВАЊЕ КОМУНИКАЦИЈА

Целите на оваа сесија се:

  • ДА СЕ ИСТРАЖИ РАЗВОЈОТ И ЦЕЛТА НА КОМУНИКАЦИЈАТА.
  • ДА РАЗБЕРЕМЕ КАКО АУТИСТИЧЕН СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ МОЖ ЕДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ЕКСПРЕСИВНИОТ И РЕЦЕПТИВНИОТ ГОВОР.
  • ДА СЕ НАУЧАТ СТРАТЕГИИ ЗА ПОДДРШКА НА КОМУНИКАЦИЈАТА И РАЗВОЈОТ НА КОМУНИКАЦИЈАТА.

Родителите ќе имаат можност да практицираат различни методи за комуникација за деца кои немаат говор како што се методот на размена на слики и поедноставениот знаковен јазик.

МОДУЛ 4: ИСТРАЖУВАЊЕ КОМУНИКАЦИЈА

МОДУЛ 5: ПОЗИТИВНИ ПРИСТАПИ КОН СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ И ИНТЕРАКЦИЈА

Целите на оваа сесија се:

  • ДА СЕ РАЗВИЕ РАЗБИРАЊЕ ЗА СОЦИЈАЛНИТЕ РАЗЛИКИ ПОВРЗАНИ СО АУТИСТИЧНИОТ СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ.
  • ДА СЕ РАЗБЕРЕ КАКО РАЗВОЈОТ НА ИГРАТА ЈА ПОДОБРУВА УСПЕШНАТА СОЦИЈАЛНА ИТЕРАКЦИЈА.
  • ДА СЕ ИСТРАЖАТ ПРАКТИЧНИ СТРАТЕГИИ КОИ ПОМАГААТ ВО РАЗВОЈОТ НА ИГРАТА И СОЦИЈАЛНИТЕ ВЕШТИНИ.

Родителите учат како да ги употребуваат секојдневните материјали (како што се огледалата), играчки и игри за поттикнување и охрабрување на социјалната интеракција кај нивните деца. Родителите се подучуваат како да се обидат и да навлезат во светот на интересите на детето, наместо да ги потиснуваат тие однесувања. Ова развива можности за вистинска интеракција со нивното дете.

МОДУЛ 5: ПОЗИТИВНИ ПРИСТАПИ КОН СОЦИЈАЛЕН РАЗВОЈ И ИНТЕРАКЦИЈА

МОДУЛ 6: РАЗБИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИКУВАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

Целта на оваа сесија е да се дознае како различните карактеристики на аутизмот влијаат врз однесувањето на лицата со аутизам, да се открие главната причина зошто се појавува предизвикувачкото однесување и да се идентификуваат стратегии како да се превенира, како да се управува со однесувањето и како да се избегнуваат ескалации. Во оваа сесија се зборува за стратегии за справување со однесувањето, за кои се користат знаењата од претходните сесии (на пример визуелните поттикнувачи).

МОДУЛ 6: РАЗБИРАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИКУВАЧКО ОДНЕСУВАЊЕ

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ESIPP - ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ (ПЕР)

Секој модул е претставен подолу, и, при тоа, детално е опишан со специфични забелешки со цел да им се помогне на обучувачите за да ја презентираат содржината на модулот. Тренерите треба да се чувствуваат слободно и можат да ја променат и адаптираат содржината на обуката, со цел да ја направат релевантна за локалната публика. При тоа, важно е да се споделат анегдоти и примери од личното искуство на тренерот. Ова овозможува внесување на живот во тренингот и им помага на родителите да сфатат дека материјалот не е само теоретски, туку практичен и корисен во реалниот свет. Содржините на сесиите треба да се прилагодат на возраста и когнитивните способности на децата, на родителите и на лицата кои се грижат за децата со аутизам.

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ESIPP – ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ (ПЕР)

ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ESIPP – ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ (ПЕР) (МИТОВИ И ФАКТИ ЗА АУТИЗМОТ)

НАЧИН НА ИСПОРАКА НА МОДУЛИТЕ ЗА ОБУКА

Целта е да се создаде релаксирана и неформална атмосфера каде родителите се чувствуваат удобно и можат да се социјализираат со други родители и да се сретнат со нови личности за време на паузите. За време на секоја од сесиите, во рамките на програмата, се корисат голем број на практични активности и видео снимки заради зголемување на интеракцијата помеѓу родителите и обучувачите. Во текот на модулите се користат голем број на анегдоти кои потекнуваат од вистински настани, со цел природно да се илустрира поентата. Родителите се охрабруваат своите прашања во текот на денот да ги запишат а обучувачите ги одговараат на крајот на секој работен ден.

МОДУЛИ – НАДВОР ОД РАМКИТЕ НА ОСНОВНИТЕ

Досега се развиени три додатни модули како одговор на барањата на родителите добиени при истражувањата.

ПРОБЛЕМИ СО ИСХРАНА

Целта на оваа сесија е да се развие свесност за сите сетила, за социјалните проблеми, проблемите во флексибилноста и комуникацијата кои можат да влијаат врз балансираната исхрана и успешноста на оброците. Овде се претставени практични стратегии за помош при идентификување и справување со проблемите.

ПРОБЛЕМИ СО СПИЕЊЕ

Целта на оваа сесија е да се истражи влијанието на анксиозноста, физичките разлики, вежбањето и диетата на непосакуваната шема на спиење. Се истражуваат и разгледуваат различни видови на стратегии за промена на средината во собата за спиење, рутини пред спиење, причини за анксиозност и нивно справување и развивање на методи за релаксирање.

ПРОБЛЕМИ ЗА ВРЕМЕ НА ПУБЕРТЕТ

Целта на оваа сесија е да им се овозможи на родителите полесно да можат да се справуваат со проблемите кои настануваат и се поврзани со пубертетот кај нивните деца со аутизам. Во овој дел се вклучени доста предизвикувачки теми како сексуалноста и проблеми со хигиената.