ЗАБЕЛЕШКИ ЗА ОБУЧУВАЧИТЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕ НА ESIPP – ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ (ПЕР)

Еднаквост и социјална инклузија преку позитивно родителство

Главната цел на ESIPP проектот е да развие и дистрибуира програма за обука на родители на деца со аутизам кои живеат во регионот на Југоисточна Европа. Учесниците во проектот создадоа и тестираа серија на модули кои имаат за цел да го зголемат разбирањето на состојбата на лицето/детето со аутизам и да помогнат во примена на низа на стратегии со кои може да им се излезе во пресрет на потребите на децата/лицата со аутизам и нивните семејства. Содржината на секој модул ја претставува најдобрата пракса која е утврдена од експерти во областа на аутизмот. При учество во модулите, се претпоставува дека кај родителите ќе се развие поголема самодоверба и ќе им се помогне во создавање и спроведување на стратегии за самопомош во насока на олеснување на барањата кои ги носи со себе одгледувањето на детето со аутизам.

Програмата за едукација на родителите (ПЕР) се состои од шест модули. Секој модел е создаден со цел да ги зголеми знаењата на родителите, врз основа на информациите научени од претходниот модул кои понатаму се надградуваат во следниот. Содржината на модулите ја промовира употребата на позитивните стратегии и се заснова на следниве теми: запознавање со спектарот на аутистични нарушувања, однесување, употреба на визуелната структура, сензорни нарушувања, предизвици во комуникацијата и градење на социјални вештини кај децата со аутизам.

Секој модул е претставен подолу, и, при тоа, детално е опишан со специфични забелешки со цел да им се помогне на обучувачите за да ја презентираат содржината на модулот. Тренерите треба да се чувствуваат слободно и можат да ја променат и адаптираат содржината на обуката, со цел да ја направат релевантна за локалната публика. При тоа, важно е да се споделат анегдоти и примери од личното искуство на тренерот. Ова овозможува внесување на живот во тренингот и им помага на родителите да сфатат дека материјалот не е само теоретски, туку практичен и корисен во реалниот свет. Содржините на сесиите треба да се прилагодат на возраста и когнитивните способности на децата, на родителите и на лицата кои се грижат за децата со аутизам.

Recent Posts