Препораки за политичарите_Macedonian

Подобрување на квалитетот на животот на луѓето со аутистичен спектар на нарушувања и нивните семејства преку едукација на родителите

Потребата од поддршка во Европа

Се проценува дека 1% од популацијата има аутистичен спектар (околу 7,5 милиони луѓе во Европа) . Ако ги вклучите нивните семејства, аутизмот ги допира животите на над 30 милиони Европејци.

Аутизмот влијае на начинот на кој лицето комуницира, разбира и се поврзува со другите. Луѓето со аутизам често имаат тешкотии да го користат и разбираат вербалниот и невербалниот јазик. Ова го отежнува разбирањето на другите и интеракцијата со нив, што го попречува нивното вклучување во општеството. Луѓето со аутизам формираат многу разновидна група на лица со различни потреби. Луѓето со аутистичен спектар и нивните семејства се соочуваат со дискриминација во многу области од животот.
Добивањето на вистинска поддршка и терапии што е можно порано прави значителна разлика за луѓето со аутизам и нивните исходи во животот. Сепак, во многу земји пристапот до терапија базирана на докази сè уште недостасува и родителите имаат многу важна улога во поддршката на своите деца за да се здобијат со подобро разбирање на општеството и да го развијат во потполност нивниот потенцијал.

Аутизмот е комплексна доживотна развојна состојба која предизвикува традиционални стилови на родителство. Честопати има големо влијание врз целото семејство поради нивото на стрес што може да го предизвика, како и емотивните и економските притисоци за грижата за децата што бараат висок степен на поддршка. Некои родители можат да се чувствуваат неквалификувани и оневозможени, особено ако им се достапни малку информации или поддршка. Тоа може да доведе до силни чувства на беспомошност, при што семејствата во крајна линија прибегнуваат кон оставање на своите деца во институции.